Пијалоци кои предизвикуваат целулит

6 август 2020

Да бидеме реални, нема жена што нема целулит, разликата е што стадиумот се разликува. Инаку, целулитот е резултат на метаболички пореметувања во поткожното масно ткиво.

Неговата видливост зависи од повеќе фактори: генетика, дневна активност, нега и секако исхрана. Различната исхрана може да има позитивни и негативни ефекти на појава на целулитот.

Денеска фокусот го ставаме на напитоците чие внесување во организмот треба да го намалите, за да си го олесните процесот на намалувањето на таканаречената „кора од портокал“.

Кафе

Веруваме дека не сте многу среќни поради ова. Сепак, стручните лица препорачуваат да се откажете од инстан кафињата засекогаш. Филџан природно кафе на почетокот од денот нема да му штети на организмот, но не треба да го злоупотребувате. Кофеинот стимулира зголемено производство на адреналин, што може да го нагласи изгледот на целулитот. Најдобро е кафето да го замените со зелен чај, кој ги отстранува токсините и на нормализира телесната тежина. Покрај тоа, го намалува нивото на шеќер во крвта и побезбеден е и за нервниот систем. И зелениот чај има кофеин, но неговата предност е што содржи и многу антиоксиданси кои го прочистуваат организмот.

Преработено млеко

Млекото на полиците во супермаркетите често поминува низ повеќе фази на преработка за да се дојде до подобрување на вкусот и продолжување на рокот на траење на производот. Како резултат на тоа, телото тешко го вари овој производ, а материите кои не можат да бидат преработени, се апсорбираат во крвотокот, се таложат под кожата и предизвикуваат отекување и целулит. А сетете се колку често сте пиеле кафе и млеко?

Минерална вода

Газираните сокови содржат огромна доза шеќери и затоа е подобро што поретко да го пиете. Но, дури и минералната вода може да предизвика целулит. Гасовите ја задржуваат водата во телото и ја попречуваат микроциркулацијата, затоа и ви отекуваат делови од телото. Газираните пијалаци заменете ги со негазирана минерална вода или обична вода. Ќе и помогнете на кожата да стане еластична и мазна.

Пиво

Пивото содржи растителен естроген - женски хормон кој ги транспортира токсините од виталните органи до места каде разградувањето ќе биде помалку опасно за телото. Токму таму се формира целулитот. Покрај тоа, имајте на ум дека алкохолот го зголемува апетитот.

 

Објавено:
6 август 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.376 пати
Тагови: 
целулит