Пијте чај секој ден – еве зошто

20 јануари 2015

o-PERSON-DRINKING-TEA-570

Постојат луѓе што уживаат во чај, но има и оние на кои и не им е баш омилен пијалок. Понудата на чаеви е голема, но постојат многу причини зошто е добро да пиете чај секој ден, а ние ќе ви презентираме неколку во продолжение.

Животот во Кина без чај е незамислив

Заедно со дрвата за огрев, оризот, маслото, солта и оцетот, чајот се смета за една од суштинските животни намирници во Кина. Тие не можат да си го замислат животот без чај.

customs-in-tea-drinking-2

Зелениот чај го забрзува метаболизмот

Обидете се еден ден да испиете шолја чај наместо кафе, ќе видите дека добро ќе се разбудите, а уште ако додадете малку лимон, ефектот ќе биде и посилен. Зелениот чај го намалува и ризикот од остеопороза, помага при намалувањето на телесната тежина.

Чајот како витамин

Ако сте од оние што сакаат редовно да внесуваат витамин Ц, покрај овошјата во овој период – киви, портокал, лимон и слично, чаевите од хибискус и шипка се одлични извор на овој витамин. За чајот од хибискус велат дека е добар афродизијак, па ете уште една одлична причина зошто да се одлучите за него...

10934574_10203171443678137_88313214_n

Црн чај помага против лошиот здив

Истражувачи од Универзитетот во Чикаго откриле дека црниот чај содржи хемиски компоненти полифеноли кои го забавуваат формирањето на бактерии околу забната површина, па го спречува ризикот од непријатен здив.

o-AFTERNOON-TEA-facebook

Полесно се прави од кафе

СИте го сакаат кафето, но чајот не е помалку важен. Постојат многу различни машини за правење кафе, а чајот секогаш се прави на ист начин. Потребни ви се чај (во филтер или сув) и топла вода и секако омилената шолја.

Одличен против некои алергии

Ако патите од сезонски алергии, започнете го денот со шолја чај од коприва. Истражување кое ја следело состојбата на 69 луѓе, покажало дека копривата ги ублажува симтомите на алергија.

10866803_10203171443718138_1465191459_n

Нè штити од дехидратација

Некои стручњаци веруваат дека во некои ситуации чајот е подобар од вода. European Journal of Clinical Nutrition објави дека чајот хидрира исто како и водата, а плус содржи и антиоксиданси.

Ништо поубаво од попладневен чај

Во 1840-тата Ана Марија Стенхоуп, војвотка од Бедфорд смислила генијална идеја со попладневниот чај да го помине времето помеѓу ручек и вечера, пред сè за да ја намали желбата за колачи и торти.

orange_tea-968297

Чајот смирува

Некои чаеви имаат посебно смирувачко дејство. Таков е на пример оној од мајчина душица. После една шолја од овој чај ќе се чувствувате порелаксирано и смирено. Ако се во прашање некои стомачни тегоби или болки чајот од нане е идеален. Камилицата пак е одлична за смирување на отоци и црвенила, како и проблеми со варење.

10943202_10203171443798140_2098234383_n

Но, чајот не е само лек. Денес има голем број на ароми и овошни вкусови, што го прават пиењето чај вистинско уживање.

Објавено:
20 јануари 2015
Категорија: 
Убавина