Пикси боб e идеалната фризура за седа коса

15 март 2022

Со должина некаде помеѓу ултра кратката пикси и елегантната боб, е идеалната фризура за седа коса едноставно наречена пикси боб.

Барем така советува стилистот Фран Галан, потенцирајќи дека е многу поедноставно и попрактично седа коса да се одржува со таква должина.

Како совршен пример ја посочува познатата 57-годишната блогерка, Грејс Ганем чиј заштитен знак е седата коса која вообичаено ја носи токму со таква, пикси боб фризура и ќе признаеме дека одлично ѝ прилега.

Овој тип на фризура е погоден и за различни трансформации, па може да ја носите права или виткана со патец на едната или другата страна, во зависност од тоа како најдобро му прилега на вашето лице.

Доколку имате седа коса, а барате идеја за нова фризура, го имаме вистинскиот предлог: пикси боб.

 

Објавено:
15 март 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
973 пати