По кој редослед треба да се нанесува шминката?

20 јуни 2016

Клучот за беспрекорна шминка е во редоследот на нанесување на бројните производи што ги користиме во текот на шминкањето. Ако сакате да го намалите времето што го трошите на таа активност, тогаш мора да знаете кој производ, кога се нанесува. Покрај беспрекорноста, ќе успеете да направите и шминката подолго да ви трае. 

1.Крема

Ова е првиот чекор со кој мора да ја подготвите кожата за нанесувањето на шминката што следува. Одберете хидратантна крема, а секако во зависност од вашата кожа, одберете ја онаа која најмногу ви одговара. Кремата нанесете ја на целото лице и вратот и оставете да постои неколку минути. 

2.Шминка за очи

Сенката, маскарата или тушот за очи се следни и тоа точно по наведениот редослед. Ако правите smokey eyes, знаете дека најверојатно ќе ви треба некаква поправка. Ако немате нанесено пудра, многу лесно и без никаков проблем ќе ги избришете сите оние грешки што ги направивте, а без притоа да го уништите остатокот од лицето. 

3. Пудра и коректор

Коректорот секогаш се нанесува после пудрата. Прво нанесете тенок слој пудра и потоа коректор на проблематичните делови и добро израмнете. Ако имате проблематична кожа, после коректорот ставете уште еден тенок слој на пудра. 

4.Бронзер и руменило

Бронзерот се користи за да даде доза на топлина на целото лице, а руменилото за да даде природна боја на оние делови на лицето кои ги покривме со пудра. Прво, нанесете го бронзерот на челото, рабовите на носот и под јаболчниците. 

5.Кармин или сјај

Ако се одлучите за јака боја, задолжително пред нанесувањето на карминот исцртајте ги усните со моливче за линијата да ви биде прецизна, а карминот или сјајот подолго да траат. 

6.Сенка или моливче за веѓи 

Остатокот од шминката нека ви диктира колку впечатливи ќе бидат вашите веѓи. Ако сакате природен изглед, посегнете по нежна сенка во вашата боја на веѓите, а доколку пак сакате изразени веѓи, исцртајте ги со црно моливче. Ова е воедно и последниот чекор при нанесувањето на шминка.

Извор: fashion.hr

Објавено:
20 јуни 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.513 пати