Портокалова боја на коса е идеална за оваа есен

5 октомври 2022

Оваа сезона сме сведоци на многу динамично менување на трендовите, како во светот на модата, така и во сферата на убавината. Веќе покривме голем број трендови кои оваа есен ќе влијаат врз вашата фризура, почнувајќи од начинот на стилизирање, должината, формата, па сè до бојата. Сепак, се чини дека за многумина, портокаловата боја и сите нејзини нијанси се омилениот избор за есенските месеци.

Фото: Pinterest

Портокаловата боја е впечатлива и храбра, една од најраскожните нијанси во есенската палета, а портокаловите нијанси на боја за коса несомнено ќе ви помогнат да привлечете внимание и да оставите силен впечаток.

Најверојатно голем дел од нас сакаат да внесат дел од златната есенска магија во својот секојдневен изглед, а кога за тоа не се доволни модните парчиња, следен чекор е да ја преточиме таа убавина во некој друг дел од нашето постоење и креативно изразување. Косата е само уште еден медиум за тоа.

Фото: Pinterest

Портокаловата боја на коса ќе го освежи вашиот изглед и ќе изгледа одлично во контраст со модни парчиња во бои како црната, белата, сината, виолетовата, или пак во склад со земјените тонови, како кафената, беж и зелената.

Сепак, постои одреден момент на кој треба да внимавате пред да се одлучите да ја обоите косата портокалова.

Не секоја нијанса на портокалова боја одговара на сечиј тен. Експертите истакнуваат дека на луѓето со топол подтон на кожа совршено ќе им одговараат нијанси на портокалова кои имаат огнени тонови, додека пак оние со ладен подтон би требало да се одлучат за побакарни нијанси.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
5 октомври 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.634 пати