Портрети од девојчиња на 15 и 20 години покажуваат колку се менуваме за само 5 години

10 мај 2021

Фотографката од Тел Авив, Нета Дрор, направила портрети од шест девојчиња кога имале 15 години, а потоа и на 20 годишна возраст. Фотографиите се дел од проектот на Дрор кој го носи името At 15 and 20.

Првите фотографии се направени во 2011 година, кога девојчињата биле адолесценти, а вторите во 2016, и на фотографиите јасно се гледа како секоја од нив созреала.

Портретите пред и потоа не се новина во фотографијата, но во работата на Дрор, јасно е уловен погледот на секоја од девојките, а интересно е и како им се менува говорот на телото. 

Објавено:
10 мај 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
985 пати