Германската докторка Клаудија Луч која е специјалист по дерматологија, за еден странски медиум открива кои се најбараните козметички и корективно естетски третмани во нејзината ординација во Лондон. Доктор Луч вели дека кај неа секојдневно доаѓаат пациенти со висок профил како, актери, презентери, модели што навикнале во своето лице да го инјектираат ботоксот иако не го сакаат.
-Секако не би ги откривала имињата на моите клиенти, но можам да споделам какви се нивните состојби, барања и навики. Вбризгувањето на ботоксот е еден од најбараните третмани, јас разбирам зошто некои луѓе го прават тоа, затоа што чувствуваат несигурност и постојан притисок од опкружувањето. На пример, некои актери ми велат дека не го сакаат ботоксот, а сепак мора да го стават бидејќи нема да ја добијат улогата, вели докторката.
Но, меѓу најважните факти на кои таа сака да алудира во однос на ботоксот, е тоа дека специјалистите многу добро знаат дека ботоксот е токсин, а луѓето што го акумулираат често имаат реакции како црвенила, иритации, проблеми при инјектирањето и друго.
-Мислам дека секој што во себе примил бар еднаш ботокс треаба да знае дека ние лекарите не знаеме и немаме податоци за долгорочниот ефект на ботоксот во организмот. Тој е токсин што сигурно по 10 или 15 години се акумулира во консументот во некоја форма. Па што ќе се случи понатаму, незнаеме, потенцира Клаудија.
Таа вели дека се надева во ординацијата да и доаѓаат повеќе клиенти што ќе ги примат и сослушаат советите засновани на природна база. Доктор Луч вели дека се почнува, се создава и рефлектира преку храната што ја внесуваме. Нејзините насоки во однос на убавината тргнуваат одвнатре, односно во консумирањето на здрава храна како овошје и зеленчук, јаткасти плодови, риба, како и исхрана сочинета само од варена и печена храна, односно исклучување на употребата на се што е пржено.