Правила за Мовембер

2 ноември 2016

Пристигна ноември, а со него и Мовембер, движење кое има за цел да се подигне свеста за машкото здравје. Освен за ракот на простата, оваа година Мовембер ја подигнува свеста за менталното здравје на мажите. Милиони мажи ширум светот ќе пуштат бркови и на тој начин го поддржуваат ова движење.

Ако некогаша сте посакале да пуштите бркови, овој месец е вистинската шанса да го сторите тоа.

Мора да почитувате неколку правила овој месец:

1.Предизвикот мора да го започнете избричени

Нема лажење, мора вашето лице да биде мазно и дури тогаш да почнете со пуштање на бркови...

2.Изберете го вашиот стил

Веднаш на почетокот треба да го изберете вашиот стил како сакате да изгледа вашиот брк.

3.Брадите се забранети

Зборот Мовембер доаѓа од зборот moustache(брк) и ноември, никаде не се спомнува брада.

4.Може да ги скратувате, но никако да ги брите.

5.Брковите ги носите цел месец без никакво оправдување.Одржувајте се!

6.Не ги спојувате брковите со вашите бекембарди,тогаш веќе не е брк туку брада.

7.Мора да бидете господин, да се однесувате пристојно, културно и воздржано.

8.Немојте да заборавите никогаш за што станува збор. Вие тоа го правите за подигнување на свеста за машкото здравје и искористете го овој месец за дополнителна едукација и грижа за себе.

Објавено:
2 ноември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
852 пати