Познатиот стилист за коса, Јорго Папаниколас, кој ја бојадисува косата на Клое Кардашијан и Мадона (помеѓу другите), посочи нов тренд, кој сè повеќе познати личности го практикуваат.
Се работи за техника на претопување на нијансите на косата или попознато како Color Melting.
А еве и неколку причини поради кои ова е новиот омилен тренд.
Има ефект на природност
На прв поглед, можеби ова ќе ви изгледа многу слично со „сенчењата“ на косата што ги нарекувавме „балајаж“ или „омбре“ техника. Но, всушност се работи за малку поинаков пристап, кој овозможува понежен премин преку нијансите, со што се постигнува природен изглед. Ова е воедно и најсофистицираната техника на бојадисување коса досега. Папаниколас смета дека е напредна форма на претходните две споменати во текстот. Прамените се бојат во повеќе бои, но не драстично различни, во што е и тајната.
Драстична промена на суптилен начин
Color Melting е совршен избор за оние што бараат драстична промена од темна во светла, а ќе ја добијат на суптилен начин. „Се имплементираат две или три нијансии по должина на косата, а потоа се „шират“ заедно, при што се испреплетуваат и се избегува драстичната граница од една во друга боја. Целта е да се постигна градација која ќе биде сосема природна“, потенцира стилистот.
Има бројни нијанси
Оваа техника мооже да се изведе во стандардните руси, црни и црвени тонови. Но, исто така се достапни и розово-златни нијанси, потоа нијанси на розова, виолетова и сина. Иако тоа не се природни тонови, сепак може да се постигне истиот ефект.
Во продолжение следат и примери. Би направиле ли ваква промена?