Прирачник за патување од Lush: Како да ја спакувате козметиката во само еден несесер?

15 јули 2019

Дали ви се случило да немате доволно место во куферот за патување или да треба да понесете повеќе патнички торби кои би ви донеле и поголем трошок на патувањето? Исто така постои ограничување на количеството на течност која може да се понесе со багажот, без разлика дали се тоа гелови за туширање, шампони, лосиони за тело, млеко за сончање..

Ќе ве потсетиме на повеќе производи од Lush кои можат да ви го олеснат овој проблем, всушност нема ни да имате никаков проблем. Од Lush сè доаѓа во мало пакување, најчесто и без пакување и во цврста форма, со тоа што е исфрлена непотребната вода која го отежнува товарот. Спакувајте ја целата козметика во еден несесер. Како? На овој начин:

Aromaco деодорант/ стик за тело

Овој деодорант е полн со природни состојки кои го неутрализираат мирисот, но не го спречуваат потењето, што е особено важно за здравјето. Див лешник, разладувачко масло од пачули и антибактериско масло од камилица е добитната комбинација. Нанесете го на суви и чисти пазуви и чувајте го во минималистичка кутија за да не се исуши.

 

Чистачи и масла за лице во цврст форма без пакување

Шест видови чистачи на лице, секој зависно од типот на кожата. Без разлика дали вашата кожа е чувствителна, лачи повеќе серум или и недостига серум, има чистач за секоја кожа, нежно се лизга низ лицето а потоа со памукче нежно се остранува нечистотијата. Исто така маслата/ серумите се наменски и со еден потег ќе добиете балансирање, смирување, хидратација, се што и е потребно на вашата кожа.

 

7 to 5

-е биоразградлив туфер за чистење на лицето и за вадење на шминка. Содржи карагенан екстракт од моркса алга кои ја омекнуваат кожата, балансирачко масло од иланг иланг и инфузија од орхидеи. Натопете го туферот со вода и исчистете го лицето. Измите го со вода. Наменет е за неколку употреби и одличен е за пократки патувања.

 

Цврсти шампони

Уште од првите денови на Lush се прават овие шампони кои се без вода, без конзерванси и без пакување. Лесни за употреба, економични од 60 до 90 миења на коса, и секако наменски зависно од потребата: за масен скалп, волумен, против опаѓање, за светла коса, детски шампон, шампон со регенератор...


Цврсти регенератори за коса

Овие регенератори се исто толку богати колку и течните, мегутоа имаат една голема предност: тие се без пакување, мали и лесни за транспорт, а траат неверојатно долго. Полни се со масла и путери, зависно од потребата за хидратација на косата.

 

Пасти за заби во форма на таблетки

Во ние има есенциални масла, билки, зачини за свеж здив и блескава насмевка. Нашите таблетки се направени од тартар крем (вински прашок), сода бикарбона, каолин (глина). Најпродаваната од сите е Boom пастата за заби која содржи активен јаглен за белеење на забите. Лесни за употреба, само земете таблетка, изгрицкајте ја, истријте ги забите со четка. И исплакнете.

 

The Sunblock

- путер со заштитен фактор 30. Зашто да се мачкате со разни брендовски лосиони, полни со хемии и конзерванси, кога можете со една ваква плочка да бидете заштитени цело лето и од најјаките сончеви зраци. Фер тргуван какао путер и многу ладно цедено масло од сусам е волшебната тајна.

 

Little Pot Of Energy

-е лосион за тело во цврста форма, со масло од портокал, кој може да ви даде неверојатно освежување после долгото лежење на плажа. Какао путерот и дава хидратација на кожата а грејфрутот ќе ве освежи.

 

И за крај, парфемите во црвста форма

Што ќе ви е 100мл пакување парфем кога можете да го поминете целото патување со ова мало џебно парфемче, кое е богато со масла. Нашите парфеми се инспирирани од уметноста и и културата и се разликуваат по својата уникатност.

 

Дали бевме во право дека е доволен еден несесер :)?

 

*комерцијален текст

Објавено:
15 јули 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
512 пати