Пролетен маникир на македонските дами

7 мај 2021

Пролетта е неисцрпен извор на инспирација за сите. Можеби најмногу модни трендови, трендови во уредувањето на домот и трендови во убавината се имплементираат во гардероберот, токму на пролет!

Македонските дами се едни од најубавите во регионов и токму поради тоа, инспирацијата која ви ја нудиме, честопати ја бараме токму на нивните профили. Зборувавме за омилените пролетни комбинации, ѕирнавме и во домовите на познатите македонски блогери, па сега решивме да видиме каков е нивниот избор кога е во прашање пролетниот маникир.

Од оние кои тоа го документирале со фотографија на социјалните мрежи, може да се забележи дека македонските дами се љубители на класиката. Жешката црвена, која ама баш никогаш не излегува од мода, е една од омилените бои за пролетно разубавување на ноктите. 

@marjanamay

@antoniagigovskaa

@pejovskalina

Млечните бели или нуд варијантите котираат подеднакво високо, и тоа е донекаде разбирливо, бидејќи се соодветни на секоја модна комбинација. 

@vedrana_edrana

Преовладува и актуелниот swirls тренд, но и некои поинтересни нијанси на фуксија и виолетова. 

@angelagjorgieva

@mia.arabii

@elena_zivotsostil

@damchevskasara

Објавено:
7 мај 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.157 пати