Пролетна мејкап колекција на Шанел

3 јуни 2013

Пролетната линија на Шанел е вистински драгоцен луксуз и уште еден доказ дека париската модна куќа вложува во безвременската привлечност. Колекцијата Printemps Precieux de Chanel e линија посветена на едноставната и софистицирана естетика на Габриел Коко Шанел, која важи за култна дизајнерка.

Новата мејкап колекција со потпис од Питер Филипс содржи контраст од неутрални и посилни розoви тонови. Пудрените и земјините тонови се замислени како идеални нијанси за лице и усни, додека пак смелите тонови се резервирани за ноктите. Пудрата на Шанел доаѓа во лимитирано издание, а руменилото е во нијанса на кајсија. Оваа сезона е незамислива без Quard eye shadow палетата со блескави беж и смеѓи нијанси, а новитет се и ајлајнерите за очи кои ги има во различни нијанси. Rouge Allure Luminous Intense кармините за уста ги има во розова и нијанси на праска, додека култниот Le Vernis заживеа во класичната розова и црвена нијанса.

Објавено:
3 јуни 2013
Категорија: 
Убавина