Пролетва носиме пастелни нијанси на боја за коса

31 март 2021

Ако размислувате да направите некаква промена на косата, сега е вистинското време за тоа. И не зборуваме за класично потстрижување или  по некој светол прамен. 

Одете подалеку од своите граници на можностите, на навиките, на конфорната зона - оваа пролет обојте ја косата во некоја пастелна нијанса.

Праска, небесно синило, јагода, шеќерна волна, пастелен тиркиз… буквално секоја нијанса која ви паѓа напамет, а која може да ја најдете во некој цртан филм за виножита и еднорози. 

Ваквите пастелни нијанси делуваат романтично, весело, поинакво, а одлично се комбинираат со кој било цветен фустан. 


Објавено:
31 март 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
429 пати