Прва мејкап линија од Гучи

3 јуни 2014

Откако Гучи најави дека ќе ја прошири својата линија производи и во одделот за декоративна козметика, вљубениците во овој бренд се во исчекување на новата линија шминки, кои оваа есен треба да бидат лансирани во јавноста. Тимот на Фрида Џанини инспирацијата за новата линија ја црпи од иконите на стилот Џејн Биркин и Лорен Хитон, па токму затоа лесно можеме да дојдеме до заклучок дека колекцијата шминки ќе биде модерна, но и класична истовремено.

Првата фотографија објавена од модната куќа Гучи најавува палета  од четири нијанси, лак за нокти и кармин во црвена нијанса, пудра во прав и четка за апликација. Производите на пазарот ќе се најдат од септември, а заштитно лице на мејкап линијата е принцезата од Монако - Шарлот Казираги, која веќе сними кампања со фотографското дуо Мерт и Маркус.

Објавено:
3 јуни 2014
Категорија: 
Убавина