Ријана во „зелена“ кампања за MAC

7 август 2014

Во својата нова кампања за козметичкиот бренд MAC, секогаш актуелната Ријана  предизвика дополнителна атракција  со волуменозната перика во неонска зелната боја и аутфит комплетно обоен во истата варијанта.

Вториот по ред ангажман на ексцентричната пејачка за Viva Glam MAC се однесува на промоција на кармин во метална, сребрена боја и сјај за усни кои ќе бидат пуштени во продажба на 11-ти септември.

Двата продукти ќе бидат со достапна цена од 16 односно 15 долари, и продажбата од истите во еден дел ќе биде наменета за хуманитарна цел, односно поддршка за заразените деца и жени од ХИВ вирусот.

 

Објавено:
7 август 2014
Категорија: 
Убавина