Седум мејкап трендови за оваа сезона

2 октомври 2013

Доколку сакате да се подновите со нова шминка или пак се прашувате кои нијанси ќе бидат ин сезонава, следете ги седумте совети.

 

1. Топли есенски нијанси

Минатата година преовладуваа маслинестите и зелени тонови кои не оговараа секому, но затоа оваа сезона повторно на сцена се враќаат пастелните нијанси, од смеѓата, па се до портокаловата и беж бојата. Внимавајте при изборот на нијансите и одберете ги оние кои ќе одговараат на вашата кожа.

2. Природен изглед

Тоа што никогаш не излегува од мода е негуваниот природен изглед. Одберете тонирана крема или пудра кои нема да се разликуваат од вашата кожа и искористете ги за прекривање на недостатоците. За крај, не заборавајте да се насмевнете!

3. Розови образи

Се знае дека во текот на ладните денови образите сами по себе поцрвенуваат, но сепак доколку сакате да го постигнете тој ефект за секојдневен изглед користете розевкасти руменила за образи.

4. Розов кармин

Оваа сезона нагласете ги усните. Ставете подискретна шминка на очите, а на усните нанесете кармин во розева нијанса според ваш избор.

5. Мачкасти очи

Ова е еден од трендовите кои секоја есен се враќа на голема врата. Се што ви е потребно за постигнување на ефектот на мачкасти очи се ајлајнер и стабилна рака.

6. Драматичен изглед

Доколку сакате впечатлив изглед за вечерно излегување ние ви препорачуваме нагласени smokey eyes или монохроматски  мејкап.

7. Интензивни нијанси на лаковите за нокти

Додека нијансите во однос на шминката треба да бидат пастелни, кога станува збор за изборот на боја за лакот за нокти сите можности се отворени. Тоа значи дека слободно може да изберете и повпечатлива боја односно во мода се и топлите и ладни нијанси.

Објавено:
2 октомври 2013
Категорија: 
Убавина