Селма Хаек подготви рекламна кампања за својата козметичка линија

20 август 2014

Откако во 2011 година, егзотичната актерка Селма Хаек ја лансираше својата  линија козметички производи, после три години конечно ќе биде објавена и првата рекламна кампања за истата.

Козметичката линија Nuance Salma Hayek се продаваше одлично во периодот од првите три години од нејзиното лансирање, но актерката сака дополнително да го зголеми интересот на јавноста, па затоа во октомври излегува и првата рекламна кампања чие заштитно лице разбирливо ќе биде самата актерка.

За потребите на маркетиншката кампања се направени четири фотографии зад кои се потпишува фотографот Хаси Нилсен, а фотографирани се најдобро продаваните продукти: кремата против брчки и протеинскиот тоник за лице.

Инаку целата линија содржи дури 100 различни производи кои се продаваат по пристапни цени.

 

 

 

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Убавина