Сезонава носиме жолта сенка на очите!

28 април 2021

Веќе зборувавме за сончевата жолта како боја на сезоната кога е во прашање облеката, а се надеваме дека ве убедивме и да си набавите жолта чанта - подеднакво неопходно парче сезонава. 

Сега жолтата се инфилтрира и во трендовите за мејкап и убавина. Па, тогаш кога сонцето нема да ви го милува ликот, сенката ќе го стори тоа за очите. 

Жолтата сенка е моментално голем тренд меѓу мејкап експертите, а и логично е зошто. Претставува енергетска, топла боја  која совршено и' прилега на сезонава. 

На што треба да внимавате кога користите жолта сенка за очните капаци? За почеток, сè останато на вашиот лик треба да е нежно и суптилно - тенот, јаболкцата, усните. Сенката нанесувајте ја со тапкање, откако претходно че нанесете прајмер. Завршете со маскара за издолжување и волумен.

Објавено:
28 април 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
333 пати