Shatush - Што треба да знаете за новата техника за боење коса?

10 јуни 2021

Балајаж, прамени, омбре владеат на сцената на трендови веќе години наназад, но сега се појави уште еден, нов - Shatush.

 

Многумина веднаш го прифатија бидејќи дава нежен изглед на косата, благодарение на светлите прамени. Но, во што е суштината? Во тоа што фризерот ги бои прамените со слободна проценка, односно нема прецизност при боењето, кое пак е површински истакнато. Резултатот се посветли прамени кои би ги добиле на пример, кога би биле подолго време изложени на сонце.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@iamdomenicocasella)

 

Голем дел од жените ја сакаат оваа техника на боење бидејќи не претставува драстична промена, а воедно можете да ѝ дозволите на природната коса да расте без проблем.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@iamdomenicocasella)

Оваа техника изгледа добро на сите нијанси на коса, што е уште еден плус. Сепак, за што подобар ефект, прамените нека бидат за нијанса посветли од бојата на коса која доминира. За тоа која нијанса е најдобра, консултирајте се со вашиот фризер, а во продолжение погледнете го видетото каде визуелно е прикажана shatush техниката.  

 

 

Објавено:
10 јуни 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
13.936 пати
Тагови: 
shatush коса