Шишките кои ги сакате сезонава

12 април 2021

Ви здодеа правата коса, но немате самодоверба/нерви за класични шишки? Периодов е одличен за да направите некаква промена со косата, а curtain bangs се промената која ја очекувате. 

Своето име го добиваат од зборот завеси, бидејќи и наликуваат на завеси на очите и ликот. Станува збор за шишките кои ги прослави Голди Хан во 70-те години. Имаат должина до под очите, патец на средината, а исфенирани се кон надвор. 

Одговараат на секоја форма на лице и се лесни за одржување, а штом ви потпорасне косата, не мора веднаш да трчате на фризер.

 

Објавено:
12 април 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.100 пати