Шминка по 40-тата година: Кои грешки да ги избегнете?

4 ноември 2022

Креативните умови можат да ѝ дадат разновидна улога на шминката, но во основа, таа претставува практичен инструмент кој ни помага да ги отстраниме уморот и недостатоците од нашите лица, или пак да ги истакнеме нештата кои ни се допаѓаат најмногу.

Сепак, естетските пишани (и непишани) правила одредуваат дека не секој начин на нанесување на шминката е правилен. Впрочем, со неправилно нанесување на истата можеме несакајќи да постигнеме обратен ефект од она што сме го наумиле.

Грешки се прават и тоа е нормално. За сета среќа, професионалните шминкери и експерти за убавина се тука секогаш да дадат совет за тоа како да ја подобриме нашата рутина на шминкање. Таа е особено важна кога целта ни е да постигнеме посвеж и поздрав изглед, како и визуелно да отстраниме по некоја година од нашето лице.

Па така, Ерика Тејлор преку својот Инстаграм профил дава неколку совети во врска со шминката и нејзиното правилно менаџирање. Воедно, таа дава совети и за жените по 40-тата година кои сакаат посветло и посвежо лице.

- Еден од нејзините совети за тоа како да направите нашето лице да изгледа посвежо е да ги четкате веѓите нагоре. На овој начин се постигнува поткренат и посвеж изглед на лицето.

- Според Ерика, исто така, коректор треба да се нанесува само на внатрешниот и надворешниот агол под окото, наместо да се шири по целата површина.

- Моливот за очи треба да има блага и нагорна кривина. Ова автоматски го крева погледот и прави окото да изгледа поотворено.

- Контурирањето треба да се нанесува над јаболчниците, а не под нив. На овој начин се постигнува визуелно „отварање" на лицето. Руменилото исто така треба да биде поставено високо, а не на целата површина на образот за да го даде сјајот што го сакаме, без да изгледа претерано.

- Конечно, што се однесува до линијата на карминот, Ерика советува да се повлече линија со моливот за усни малку над природната линија на усните и да не стигне до работ. Причината за тоа е што, како што вели таа, ако ја следиме вистинската линија на усните, може да создадеме илузија дека усната „паѓа" надолу.

Погледнете го нејзиното едукативно видео подолу. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Erica Taylor (@ericataylor2347)

Објавено:
4 ноември 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.484 пати