Шминка според обликот на вашите очи

10 октомври 2013

 

Сите се шминкаме на различен начин, бидејќи  имаме различен облик на очите, но понекогаш знаеме и да излеземе од границите и да направиме вистински промашувања  во изборот на начините на кои ги шминкаме очите. За да не ви се случуваат грешки од ваков тип, во продолжение ви ги претставуваме најновите совети од светските шминкери и стилисти, за тоа како да ги нашминкате вашите очи според формата.

 

 

Кружна форма на очи

Кружните очи се женствени, тие имаат универзална природа, бидејќи на оваа форма им прилега секаков вид на шминка. Можностите за експериментирање и избор се навистина неисцрпни, но сепак доколку сме во ситуација да избереме тогаш најдобриот избор на шминка кој е актуелен и сезонава е линија туш на горниот капак, маскара, мало засенчување на местото каде ви се превиткува окото при отворање, руж и интензивна боја на кармин.

 

 

Очи во форма на бадем

Очите во форма на бадем или попознати како очи во стилот на Клеопатра се мошне посакувани  иако немаат многу избор кога е начинот на шминкање во прашање. Земете туш поминете низ окото со него од горниот дел па се до долниот, значи прецизно исцртајте го окото и притоа бидете внимателни, нанесете златна сенка, маскара, неутрална боја на кармин и бронзен руж.

 

 

Мали очи

Овие очи измамуваат таинствени погледи, тие со својата форма се мошне моќни и впечатливи, затоа избегнувајте да нанесувате многу шминка доколку имате мали очи бидејќи тоа ќе го загуши окото и воопшто нема да изгледа убаво. Не нанесувајте темни сенки и не ги исцртувајте ваши очи бидејќи црното моливче уште толку ќе ви ги смали очите, но затоа користете светли сенки кои ќе го отворат вашето и ќе изгледате привлечно и неодоливо.

 

 

Спуштени капаци

За очи со спуштени капаци најдобро вие да користите темна сенка, бидејќи ова метода, визуелно го решава проблем со окото. На овој облик на очи најдобро им прилега смела шминка како на пример smokey-eye.

 

 

Вдлабнати очи

Светлите седефасти нијанси на сенки нанесете ги на капаците, а потемната сенка нанесете ја на делот каде ви се преклопуваат очите, за да добиете контраст. Овој начин на шминкање е идеален за вдлабнатите очи. Можете да нанесете и туш за повпечатлив изглед. Заокружете со руж и кармин по своја желба.

 

 

Објавено:
10 октомври 2013
Категорија: 
Убавина