Шминка во боите на есента

20 август 2013

Топлите бакарни нијанси на сенки за очи ви ги препорачуваме како тренд во шминкањето за крајот на летната сезона, така што ќе постигнете луксузен изглед во секој поглед.

 

Богатите нијанси, боја на цигла и бронза на своите ревии ги користеа Живанши, Алтазура, Прабл Гурунг, кои исто така  додатоа и црвенкасто кафени тонови , како и нежни мат нијанси  што дополнително придонесуваат за ултра шик изглед.

 

Нема да погрешите ако во умерена доза нанесете од овие нијанси на сенки за очи и за дневна но и за вечерна варијанта. Дополнителен ефект ќе постигнете ако добро сте се исончале летово, па така ефектот ќе биде уште поголем.

Објавено:
20 август 2013
Категорија: 
Убавина