Што да јадете, а што да избегнувате пред спиење

31 октомври 2015

Веројатно веќе знаете дека шолјата кафе навечер може да ве чини неколку часа неспиење и дека обилниот и тежок оброк ќе ви предизвика немирен сон, но кои се останатите јадења и пијалоци што треба да ги избегнувате ако сакате да имате добар сон?

Не само што тие нема да ви дозволат добро да се одморите, туку сите масни наслаги ќе се наталожат онаму каде што никако не треба.

Иако е забавно да гледате филм со вашето омилено чоколадо, чипс или грисини, веќе сигурно знаете дека тие ќе ви донесат килограм плус, а и ќе му наштетат на вашиот организам пред спиење.

Доколку планиравте обичното, млечно чоколадо да го замените со темно, не правете го ниту тоа, бидејќи состојките на истото пак, можат премногу да ве разбудат.

Избегнувајте зачинета храна, особено луто, како и сѐ останато што содржи премногу масти. Тврдите сирења исто така би можеле да ви создадат проблем, но затоа јогуртот и лесните млечни производи многу убаво ќе влијаат на вашиот организам.

Според тоа, одлична и супер оправдана е чашата млеко пред спиење кај децата, па и кај возрасните.

Печеното месо за вечера имајте го во предвид само доколку се работи за пилешко, а во тој случај гледајте секогаш тоа да биде во некоја домашна зготвена варијанта.

Она што со сигурност ќе ви помогне да заспиете подобро и полесно, е топлиот чај со мед, особено од нане или камилица, бидејќи истите докажано го смируваат организмот.

Обидете се да не додавате лимон во чајот, бидејќи поради киселината би можел непријатно да делува на желудникот.

Ако навистина сакате добро да се одморите, минимизирајте го користењето на електронски уреди и ставете ги подалеку од креветот, а на тој начин секако изутрина ќе морате да станете од креветот за да го исклучите алармот!

Објавено:
31 октомври 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.249 пати