Не грижете се! Секому понекогаш му се случува да погреши со шминката токму пред некој важен настан или пак пред сосема обично излегување со пријателите.
Дури и на професионалните шминкери понекогаш им се случува едноставно да не им е денот и шминкањето да не им оди од рака.
Но, и за таквите моменти постојат совршени решенија!
...Ништо не може да ми ги покрие подочниците!
По тотално уморен ден, имате подочници и поголеми од очекуваното и ниту еден коректор не може да ви ги покрие! Убавото розово руменило визуелно ќе ви го освежи лицето и ќе ги тргне погледите од вашите подочници, колку и тие да не ви се допаѓаат.
...Лицето ви изгледа уморно!
Извадете го коректорот од торбичето за шминки и стратешки нанесете го на лицето. Нанесете го околу ноздрите и под веѓите. Лицето ќе ви блеска!
...Ако немате маскара при себе!
Преспавте кај вашето момче, ве чека важен состанок на работа, а со вас имате само туш и моливче? Внимателно нацртајте мали точки помеѓу трепките за визуелно да добиете погусти трепки!
...Кога шминката ќе ви се „размачка“...
Завиткајте едно хартиено марамче околу прстот и на неа нанесете малку крема за раце. Со врвот на марамчето полека отстранете го вишокот шминка од вашето лице.