Што е дерматоскопија?

5 септември 2013

Дерматоскопијата е безболен преглед кој претставува мост меѓу стандардниот клинички преглед и бемките кои биле оперативно остранети. Дерматоскопијата или дермоскопијата  овозможува  анализа на пигментот и структурата на пигментираните промени низ кожата кои се невидливи за човечкото око.

Дерматоскопијата се користи ширум светот: во Австралија, Европа, Африка, Америка и Азија. Денес прегледот на бемките се смета нецелосен без овој третман, како кај малите деца, така и кај возрасните и особено кај лицата  кои имаат голем број бемки.

Предноста на дерматоскопијата се должи на раното дијагностицирање на промените на кожата, односно на меланомот и немеланомот, со цел спречување на ширење на кожниот карцином. Па доколку забележите некоја промена на вашата кожа, прво нешто што треба да направите е да одите на преглед за да добиете мислење од стручно лице.

Објавено:
5 септември 2013
Категорија: 
Убавина