Што имало во козметичката торбичка на Мерилин Монро?

18 мај 2016

Најпознатата филмска икона Мерилин Монро е позната по беспрекорниот тен и долги години по нејзината смрт, девојките сѐ уште сакаат да ги знаат нејзините beauty трикови. 

Иако веројатно си помисливте дека Мерилин имала богата козметичка колекција полна со луксузни производи, таа со себе секогаш носела само неколку кои ѝ биле особено важни. 

Содржината на нејзината козметичка торбичка беше продадена на аукција во 2005 – тата година, а во неа беа сместени чепчиња за уши против бучава, кутија чкорчиња, виткач за трепки, вештачки трепки, позлатен чешел, виолетова сенка за очи, четка за руменило, шнола и плетенка од вештачка коса. 

Таа важи за една од најубавите и најнегуваните жени на сите времиња, а според содржината на нејзината козметичка торбичка, можеме да заклучиме дека се водела само од едно правило – помалку е повеќе!

Објавено:
18 мај 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.610 пати