Што кога косата ќе побелеe?

3 јануари 2014

Повеќето жени чија коса станала седа, најчесто по 40-та, не често си го поставуваат прашањето дали да ја остават косата во сиво-бела варијанта. Најчесто одлуката е косата да се обои и да се покријат белите влакна. Но, вашиот имиџ може да биде одличен ако ја оставите природата да оди по сопствената оска.  Сивата боја на коса стана актуелен тренд неколку години наназад, па дури и млади славни личности ја обоија косата во оваа пепел нијанса. Секако, носењето ваква боја има свои предности и недостатоци што ќе ги прочитате во продолжение.

Промените што настануваат со ваква боја на коса се:

-Соочете се со моментот дека ваквата коса ве прави постари

-Подгответе се за промена на боите во вашиот плакар

- Ваквата боја на коса секогаш можете да ја обоите во друга доколку не ви се допаѓа.

-Фарбајте ја косата со сиво-бела пепел нијанса на фарба за коса. Кога коренот ќе почне да расте тоа нема да се забележува. Напротив косата ќе изгледа како нијансирана, а вие ќе заштедите време и пари.

-Изберете ја вистинската сива нијанса која наликува на сребрена. Погрешната може да изгледа многу лошо.

-Ќе изгледате природно. По одредена возрасна доба во животот, луѓето свесно треба да ги дочекаат промените.

Знаеме дека ова не е лесна одлука, но за неа се одлучија и актерките како Џејми Ли Кертис, Хелен Мирен и многу други кои иако имаат седа коса, издледаат шармантно, и пристојно за својата возраст.

 

Објавено:
3 јануари 2014
Категорија: 
Убавина