Што кога косата ќе стане безживотна?

30 април 2013

Поради неправилната нега, косата го губи сјајот и мекоста. За враќање во нормала, потребно е да примените интензивни третмани со хидратантни и хранливи состојки. Маслото од маслинки, јојоба, екстракт од камилица, невен, алое вера, коприва, мед и кокосовото млеко може да ви помогнат во обновување на косата.

IMG_001

Новата генерација производи не содржат силикон, па ветуваат целодневно чувство на мекост на влакното. Потребно е да користите производи кои содржат течен кератин и природен протеин, кои придонесуваат за обнова на нејзината стуктура.

Опаѓањето на косата не е само проблем кој ги засега мажите. Новите напредни третмани интензивно го потикнуваат растот на косата и ветуваат 1700 нови влакна во рок од три месеци. Бирајте боја за коса без агресивни состојки, шампони и регенератори кои содржат хранливи билни масла, а доколку сте алергични, побарајте производи со органски состојки.

Објавено:
30 април 2013
Категорија: 
Убавина