Што кога ноктите ќе ви пожолтат од лакот?

7 октомври 2013

Секоја жена сака да има убави и негувани нокти, затоа редовно одвојуваме време за маникир и педикир. Но што да направите кога од константно нанесување на лак за нокти, тие ви пожолтиле? Најдобро е секогаш да нанесувате база за нокти пред лакирањето, зашто секој проблем подобро е да го спречите отколку лечите, но ако штетата веќе е настаната, имаме неколку совети за решение на проблемот.

Парфимериите и аптеките имаат низа од производи кои ќе ви помогнат во решавањето на овој естетски проблем. Прополис, лимон и сода се состојките што тие препарати ги содржат. Така да, ако не сте личност што сака да приготвува вакви состојки дома, тогаш побарајте совек од аптекар.

Истите состојки што ги набројавме погоре можете во домашни услови да ги втриете и стругате врз ноктите и бидете сигурни дека резултатот е неизбежен. Исто така пастата за заби може многу да ви помогне, а по триењето измазнете ги ноктите со турпија.

За оние што ги сакаат најприродните решенија, помешајте половина шоља сок од лимон и пола шоља маслиново масло. Ставете ја раката во овие состојки и држете ја неколку минути. Сокот од лимон ќе ги осветли ноктите а маслиновото масло ќе ги хидратира и спречи појавувањето на нови дамки.

Објавено:
7 октомври 2013
Категорија: 
Убавина