Што козметичката индустрија не сака да знаеме?

22 август 2016

Козметичката индустрија е една од најголемите, а со тоа и една од најуспешните. Сепак, како и кај сите големи бизниси, така и во овој постојат трикови и задкулисни теории, тајни.

Еве неколку во продолжение:

-Иако сигурно многупати до сега сте слушнале дека скапата козметика е и поквалитетна, сепак стручњаците велат дека многу често разликата е само во „фенси“ пакувањето. Цената не секогаш го дефинира квалитетот. Голем дел од познатите брендови за козметика ги користат истите состојки како и помалку познатите. Така, всушност го купуваме „името“, а не шминката.

 

-Речиси еден од пет козметички производи содржи траги од формалдехид, позната канцерогена супстанца. Иако сѐ уште се расправа дали изложувањето на истата е штетно или не, сепак можете да ја одбегнете, така што нема да ги користите производите на чија листа на состојки има имидазолидинил уреа, диазолинидил уреа, натриум хидроксиметилглицинат, бронопол.

 

-Верувале или не, истражувањето извршено пред две години покажа дека преку 400 популарни нијанси на кармини содржат олово.

 

-Магичните креми што го забавуваат процесот на стареење на кожата и до 90 проценти навистина постојат. Но, само една од десет жени ја користи. Се работи за крема или лосион за сончање.

-Лосионот во спреј е многу практичен, но при неговото користење имајте предвид дека постои голема шанса да вдишете штетни хемикалии што завршуваат во белите дробови или крвотокот. Ако се одлучите да користете лосион за сончање во спреј, прво напрскајте го во рака, па потоа нанесете го на кожата.

 

-Добрите четки ви помагаат шминката да ја нанесете рамномерно и да постигнете што поприроден изглед. Дури ниту најскапата или најдобра шминка нема да изгледа добро доколку ја нанесувате со четки со сомнителен или среден квалитет.

-Ако се обидувате сите неправилности да ги сокриете со пудра, таа ќе ги нагласи брчките и нема да изгледате природно. Кога е пудрата во прашање, помалку е повеќе. За сите останати работи, коректорот е вистинскиот избор.

 

-Што мириса? За жал, не постои начин да дознаете. Мирисите се сметаат за деловна тајна во поголемиот дел од светските земји, па компаниите зборот „мирис“ на листата на состојки можат да го заменат со било која мирисна хемикалија која ја имаат на располагање.

-Кремите за очи не се ништо друго туку креми за хидратација што се продаваат во дупло помало пакување, а по речиси двојно поголема цена.

Објавено:
22 август 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.994 пати