Што мислите, ова е или не е Џенифер Лопез?

9 јули 2020

Ова прашање предизвика разни коментари на социјалните мрежи. Едни велат дека е фотографија на Џенифер Лопез, на која има аплицирано некој филтер, додека други сметаат дека можеби и сепак не е таа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@marinamamic) onJul 8, 2020 at 2:45pm PDT

Без разлика во која група спаѓате, ќе се согласите дека сличноста е неверојатна.

Се работи за фотографија на која е Марина Мамиќ, шминкерка од Хрватска, која поседува неверојатен талент.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@marinamamic) onMay 9, 2019 at 1:31pm PDT

 

„Вежбав за оваа Џеј Ло трансформација за кампања и не можам да верувам колку добро излезе. Дефинитивно треба да направам видео за ова, штом дојдам до малку слободно време. Што мислите, изгледам ли како Џенифер Лопез?“ напиша шминкерката под фотографијата на Инстаграм, а под која имаше стотици коментари.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@marinamamic) onJul 8, 2020 at 8:16am PDT

 „Му ја покажав фотографијата на сопругот и го прашав, кој е на фотографијата, а тој гордо ми одговори: „Па, Џенифер Лопез“, а потоа му реков дека греши“, „Во прв момент не видов кој ја објави фотографијата, и си помислив колку добро изгледа Џенифер Лопез“, „Не ми се верува каква трансформација“, се само дел од коментарите.

А кој е вашиот?

Објавено:
9 јули 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.713 пати