Што му прави алое верата на лицето?

14 февруари 2019

Не е тајна дека алое верата е совршена намирница за кожата. Таа содржи преку 240 хранливи состојки, па била прв избор за нега дури и на Клеопатра. 

Ако досега не сте ја користеле во негата за лице, се надеваме дека податоците во продолжение ќе ве натераат да го смените.

Еве што му прави алое верата (пред се мислиме на гелот) на вашето лице, односно кожа:

= Продира во најдлабоките слоеви на ткивото, делува антибактериски.

= Го забрзува зацелувањето на рани и изгореници, поттикнувајќи создавање на нови клетки.

= Ги смирува изгорениците од сонце. Гелот содржи и средство за ублажување на болката, наречено карбоксипептидаза, поради што алоето има така смирувачки ефект на кожата.

= Врши силна хидратација на кожата. Со оглед на тоа дека Алое гелот е најмногу вода, помага во хидратацијата на кожата, без да ја замастува кожата. Но, не само што ја влажни и ја задржува владата и на тој начин ја измазнува и омекнува. 

= Помага при акни. Алоето има антибактериско дејство, но гелот од алое верата содржи и салицилна киселина, која помага при проширувањето на порите, што е посебно добро доколку имате проблем со митисери или акни. Исто така, делува смирувачки на жлездите што ги предизвикуваат акните.

= Помага при херпес. Алоето е и антисептик, па помага во инхибирање на габи, бактерии и вируси. Може да помогне и во процесот на оздравување, создавајќи антитела кои имунолошкиот систем ги користи за борба против херпесот.

= Подмладува - ја измазнува кожата, ја прави поеластична, но од друга страна, ги затегнува порите и ја богати кожата со витамини Ц и Е, што помагаат во спречување на создавање слободни радикали.

= Ги спречува и избледува дамките од сонце. Благодарение на антиоксидансите што ги содржи, алоето помага и во избледување на хиперпигментацијата како последица од УВ зрачењето.

Објавено:
14 февруари 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
746 пати