Сите предности на GREEN PRESS 12 – современ апарат за медицинска и естетска лимфна дренажа

16 август 2022

Застој во протокот на лимфа е честа состојба во естетската медицина и дерматологијата.

Чести симптоми со кои се манифестира оваа состојба сe: главоболки, акни, замор, воспаление, „мозочна магла", утринска вкочанетост, запек, целулит...

Доколку се соочувате со овој проблем, медицината вели дека масажата за лимфна дренажа е еден од најдобрите начини како да се ослободите од него.

Во современата здравствена програма на хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил" – Бања Банско, се имплементирани најсовремени методи, апаратури и услуги кои третираат различни здравствени и естетски проблеми со кои се соочува голем дел од популацијата, а од неодамна во истата е вклучен и новиот GREEN PRESS 12 апарат за медицинска и естетска лимфна дренажа.

Која е предноста на GREEN PRESS 12?

Технологијата на GREEN PRESS 12 е дизајнирана по урнек на рачната лимфна дренажа. Специјалните манжетни се контролирани од микропроцесор преку кој се овозможува избор на прецизни параметри за третман.

Постојат 7 претходно поставени програми за оптимална терапија на различни состојби на телото. Манжетните се состојат од прегради кои делумно се преклопуваат и на тој начин се овозможува лимфна дренажа на најприроден начин.

GREEN PRESS 12 е одлична дополнителна терапија за лекување на рани, но и напредни фази на различни патологии. Под надзор на стручно лице, може да се користи за ефикасен третман на сите фази од целулит. Во комбинација со други воспоставени естетски процедури (ултразвучна терапија, електротерапија, антицелулитни креми и сл.) крајниот резултат во намалувањето на целулитниот изглед е уште повпечатлив.

Дел од состојбите при кои ефикасно може да се користи GREEN PRESS 12 се:

- Идеална терапија на различни лимфни отоци
-Високо ефикасна основна антицелулитна терапија
-Превенција на отечени стапала и проширени вени
-Намалување на отоците по настанати повреди
- Превенција на венска тромбоза
-Третман при хронична венска инсуфициенција и проширени вени
-Дренажа на екстремитетите по екстремен физички тренинг
- Релаксирачка масажа

За сите третмани и услуги што ги нуди хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил", информирајте се на:

+389 72 211 011
contact@carsamuil.com

Со почит кон традицијата. Во чекор со модерното. Со помош на природата. Во служба на медицината.

Објавено:
16 август 2022
Прочитано:
415 пати