Скокањето на јаже - најевтиниот начин за топење килограми

23 март 2019

Скокањето на јаже е една од омилените активности на децата, но и возрасните би имале многу придобивки доколку би ја вратиле во својот живот.

За успешно да скокате на јаже, треба да го синхронизирате целото тело, а на тој начин ќе ја подобрите и рамнотежата.

Оваа активност има многу предности, за дел од нив ќе прочитате во продолжение.

 

Ја подобрува координацијата

Додека скокате на јаже, фокусирани сте на нозете. Без оглед дали обрнувате внимание на нив или не, вашиот мозок знае што правите. Повторувањето на скоковите одново, ве прави „полесни“ во нозете, а воведувањето на одредени трикови во скокањето ве прави се' покоординирани.

 Ги согорува калориите

Како и со секоја друга телесна активност, скокањето на јаже ги согорува калориите, а колку ќе успеете во тоа, зависи и од интензитетот на скокањето. Ако се работи за саат време и со малку посилен интензитет, можете да потрошите и до 1.300 калории.

Практична и забава активност

Јажето не зазема многу простор. Може да ви го собере и било која чанта. Оваа активност е забавна и за целото семејство. Можете да скокате во теретана, природа, па дури и во вашиот дом или двор, важно е само да си направите доволно простор.

Кардиот вежба

Скокањето на јаже треба да има позитивно влијаније на кардиоваскуларното здравје. За да имате што подобри ефекти, се препорачува да скокате на јаже три до пет пати неделно помеѓу 12 и 20 минути.

Подобро дишење

Со активно скокање на јаже, ќе го подобрите и дишењето, а тоа ќе го забележите така што при други активности нема да го губите здивот.

 

Објавено:
23 март 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
548 пати