„Скопје е нашиот маратон“ - нов предизвик за љубителите на трчањето

20 мај 2021

"Скопје е нашиот маратон" е урбана градска патека во централниот дел на Скопје, која што мажи, жени и деца ќе може да ја користат за трчање или прошетка, поминувајќи покрај најзначајните скопски знаменитости. Патеката е означена со патокази за полесно движење.

Иницијативата ќе трае од 19 мај до 19 јули и е под покровителство на Град Скопје, а во организација на „Спортмастер“.

Патеката воедно ќе има и натпреварувачки карактер, затоа што сите учесници ќе може преку било која апликација за трчање (пр. Strava), да го измерат своето време и да го пријават својот резултат. Сите учесници добиваат награди (влезници, маици, книги, ваучери итн.), а најдобрите тројца добиваат Sportmaster Premium месечни пакети.

„Со овој настан сакаме да го насочиме вниманието кон превенција и надминување на последиците врз здравјето од недостаток на физичка активност. Ги повикуваме сите спортисти и рекреативци да ја истрчаат нашата урбана патека и да го споделат своето искуство со своите блиски и пријатели! Грижи се за своето здравје, истрчај ја патеката, пријави го твојот резултат и добиј награда!“, велат организаторите, а повеќе за трката можете да дознаете тука.

 За потсетување, од неодамна, па сè до јули, граѓаните на Скопје ќе можат бесплатно и да вежбаат на различни јавни површини низ градот, а повеќе информации за тоа можете да прочитате во текстот: Бесплатни тренинзи на шест локации во Скопје.

Објавено:
20 мај 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
365 пати