Славни жени што знаат како да си ги носат килограмите надвор од стандардите на Холивуд

2 ноември 2020

Килограмите се релативна работа. На некој му стојат и килограм повеќе, па се додека тоа е во рамките на добра здравствена состојба и личноста е среќна со себе, немаме право да судиме.

Холивуд е особено стерилен и строг во своите стандарди кога физикусот е во прашање, а тоа секако не ги одминува ниту килограмите.

Но, во секое „правило" постојат исклучоци кои со својот позитивен пример ги рушат пред сѐ менталните бариери во прифаќањето на себеси по кројот надвор од вештачки наметнатите стандарди.

Ќе споменеме неколку славни, успешни и убави жени кои ги потврдуваат „исклучоците" како мотивирачки пример.

Кејт Винслет

Познатата оскаровка Кејт Винслет често е мета на критики кога варира со нејзината тежина, но таа не се оптеретува премногу со тоа, како што вели, се додека се чувствува добро во сопствена кожа.

„Сакам да го одржувам своето здравје и ментална стабилност, а со тоа сакам да се чувствувам добро и среќно. Покрај тоа, сакам и да се забавувам. И ако премногу од своето време трошите на погрешни работи, тогаш заборавате да уживате", вели Кејт во една своја изјава.

Тајра Бенкс

Легендарната манекенка и модел Тајра Бенкс, откако се повлече од модните писти, реши да ги нагласи своите природни облини и одлучи дека така одлично се чувствува, иако наиде на критики поради новите килограми.

„Бев премногу слаба", ќе изјави Тајра во една емисија, каде водителката го пофалила нејзиниот „нов" изглед и притоа ѝ поставила прашање на што се должи тоа. „Мислам дека во прашање е тоа што додадов килограми. Сега изгледам како друга личност со дополнителни килограми на моето тело", одговорила Тајра.

Ејми Шумер

Шармантната комичарка и холивудска актерка Ејми Шумер не крие дека е задоволна со својот изглед, макар и со повеќе килограми. Во една прилика ќе каже дека не се чувствувала привлечно кога била многу послаба.
„Мислам дека е добро да се види некој да каже: Имам стомак и имам целулит. И понатаму заслужуваам љубов, а и не морам да се извинувам поради тоа", изјави аактерката во својот говор на доделувањето на „Glamour" наградите во 2015 година.

 

Објавено:
2 ноември 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
593 пати