Славните дами ги вратија „банана“ пунџите во сегашноста

25 август 2014

Навраќајќи се кон минатото како пример ни послужи култната фотографија од Одри Хепберн каде таа има пунџа фризура што многу години уживаше сигурна позиција од изборот на многу жени. За некои обожавателки на ваквата фризура, ова стилизирање  на косата никогаш не стана демоде, но за други  едноставно повеќе не беше во мода. Трендовите за фризури, сега ја менуваат ваквата позиција, така што таканаречените „банана“ пунџи повторно се на тронот и тоа од црвениот килим.

Сега видно поизменети ваквите пунџи се различни само по волуменозноста, а во период на разни церемонии од црвениот килим поголем број славни дами се одлучија да носат токму „банана“ пунџа фризура.

 

Доколку наскоро пред Вас претстои некаква свеченост, можеби ваквата пунџа ќе биде изборот за стилизирање на косата.

 

Објавено:
25 август 2014
Категорија: 
Убавина