Smokey hair: Боја на коса инспирирана од техниката на шминкање, ја освои сезоната
•
1 март 2021
Ако сакате да сте во чекор со најновите трендови, не само на облека, туку и на убавина, оваа техника на бојадисување на косата е полн погодок за вас. Инспирирана од smokey eyes техниката на шминкање, стилистите за коса ја пресликаа убавината на мешање две сиви нијанси од очите на косата.
Трикот е во градацискиот ефект, а се започнува со нејтемната нијанса кај коренот, па постепено се осветлува косата кон долу.
За да ја добиете посакуваната боја се работи со три нијанси, а бидејќи основата е сивата, ефектот на пожолтување е сведен на минимум. На тој начин се создава оној студен загасит ефект по кој е позната техниката smokey eyes.