„Smoothie cup“ е новиот тренд кај здравата исхрана!

11 април 2016

Пиењето смути изутрина на многумина им стана вистински ритуал без кој не можат да го започнат денот. Покрај тоа што овие напитоци се многу здрави и полни витамини, истите се и неверојатно вкусни и одлични за појадок.

Со оглед на популарноста на овој пијалак, на социјалните мрежи постојано сме сведоци на нови рецепти и начини на кои можете да го приготвите вашето смути.

Доколку имате време, би било одлично да се погрижите и за начинот на сервирање на пијалакот, бидејќи така ќе имате и поголема желба за консумирање, а ќе ги израдувате и сите оние со кои имате навика да го пиете.

Вистински мајстор за новиот рецепт за smoothie cup е Талин Габриелан од Австралија, која е Инстаграм ѕвезда и сопственичка на блогот Hippie Lane.

Нејзиниот здрав начин на исхрана таа го претвори во вистинска уметност, бидејќи како што сама ќе каже, таа е голем љубител на слатките, па морала да создаде достојна замена за десертите полни со шеќер, лактоза и глутен.

Последниот вкусен рецепт што го преплави Инстаграм, а доаѓа од кујната на оваа девојка е токму smoothie cup – здрав напиток што настанува како резултат на редење на вкусни намирници едни врз други во длабока, стаклена чаша.

Таа ја создава оваа убавина со тоа што почнува да реди чиа семе на дното, потоа продолжува со јаткасти плодови, ѕидовите на чашата ги украсува со половинки од свежо овошје и сосема на крајот, сето тоа го полева со смути по желба.

Убавината на овој напиток е свежото и вкусно овошје што се става одозгора, а кое дополнително го прави здрав овој пијалак.

Можете да го јадете со лажичка или пак да го пиете со поголема цевка, секако во зависност од намирниците што ќе ги одберете за истото.

Објавено:
11 април 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.948 пати