„Smudging“ – нова пролетна техника на бојадисување на косата

25 мај 2017

Пролетната сезона со себе секогаш носи потреба од светли нијанси како кај облеката, така и кај фризурите, па доколку сѐ уште не сте направиле сезонска промена, сега е вистинско време за тоа.

По големиот број трендови кај осветлувањето на косата, пристигна и последната, најнова smudging техника на бојадисување.

Доколку имате кафена боја на косата, благодарение на оваа техника на осветлување ќе добиете совршени руси прамени со нежен сончев прелив.

Она по што оваа нова техника се разликува од другите е нежното размачкување со прсти на разните бои што се комбинираат за да се добие таа прекрасна златна нијанса.

Оваа техника создава неверојатен природен изглед, но забележлива е и градацијата на прамените кои прават косата да изгледа уште поубаво.

На Јутуб каналот на Алексис Меј можете детално да ги погледнете чекорите за оваа техника по која полудеа девојките ширум светот, а е една од најбараните во моментов.

Објавено:
25 мај 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.770 пати