Софија Лорен за Долче и Габана

22 септември 2015

Легендарната актерка Софија Лорен, која завчера го прослави 81-от роденден, се најде во центарот на новата козметичка кампања на Долче и Габана.

Модното дуо повторно ја слави убавината на родната Италија, а Софија Лорен е совршен избор за нивната нова приказна.

Тие создадоа кармин за усни посветен на актерката, во боја на цреша. Нијансата не е случајност, бидејќи таа беше заштитен знак на Лорен. 

Карминот е наречен Sophia №1, а насловот на кампањата е It's my Red.

Розово-црвениот кармин доаѓа во луксузна златна опаковка, на која се наоѓа и автограм од филмската дива.

-Карминот Sophia Loren №1 е наш начин да кажеме: Благодариме Софија. Благодариме што си обожувана ширум светот, благодариме што си икона на големото платно и што си икона, симбол на италијанската убавина - изјавија Долче и Габана. 

Исто така, таа во неколку наврати беше дел од нивните колекции како инспирација, па на овој начин тие сакаат да ѝ се оддолжат, а воедно и се почестени што станаа дел од нејзините професионални ангажмани.

Софија Лорен во 1950-тите

Цената на карминот е 37 долари.

Објавено:
22 септември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.234 пати