Софија Вергара: Никогаш не излегувам од дома без шминка

30 декември 2013

Колумбиската актерка и модел Софија Вергара со години е доследна на истата шминка и не крие дека пример за тоа и е Софија Лорен, како и  дека без шминка не излегува од дома.

1.Пред 15 години почнав да користам руменило, изгледа дека тоа на жените од Јужна Америка им е во крвта, така да веќе неколку децении мојата шминка не можам да ја замислам без малку руменило.

Lancome Lancome

2.Ретки се моментите кога некој може да ме види без шминка и кога излегувам од дома морам да ставам барем маскара, зашто верувам дека жените треба константно да водат сметка за себе и да бидат негувани. Според моето мислење најдобра е маскарата на CoverGirl LashBlast 24/7.

3.Мојот пример вреден за копирање е Софија Лорен, која со години остана доследна на својот стил и никогаш не се одрече од својот генетски код и потекло. И таа често сака да носи кармин во јака црвена боја, кој за мене ја симболизира страста.

Dior Adict Dior Adict

4.Изборот на парфем говори многу за личноста што го носи, јас често ги менувам во зависност од расположението и годишната доба, а моментално мој омилен е од Том Форд.

5. Многу е важно да ја изберете вистинската пудра според типот и бојата на вашата кожа, зашто тоа е основа на се. Мене најмногу ми одговара онаа од Ланком.

Lancome Teint Lancome Teint

Објавено:
30 декември 2013
Категорија: 
Убавина