Сокријте ги подочниците со црвен кармин

5 февруари 2015

podocnjaci

Темните подочници се проблем на голем број девојки и жени. Независно дали се работи за генска предоспозиција или последица на начин на живот, тоа е нешто што секоја жена сака да го сокрие.

Козметичките компании постојано работат на нови коректори, во што поприродни нијанси, блиски до вашиот тен. Има и таканаречени коректори во боја, наменети за различен тон на подочници. на пример, оние со розови нијанси најдобро ги сокриваат смеѓите подочници, а коректорите во жолти нијанси се добри за сини и виолетови подочници.

Но, блогерката Депика Мутјала смета дека коректорот треба да го смените со црвен кармин. За еден месец, нејзиното видео на Јутјуб има преку три милиони прегледи. Според туторијалот, црвено-портокаловиот кармин треба да се нанесе од внатрешната страна на окото, се' до надворешниот раб и линијата на веѓите. Како вели, црвената боја на карминот ќе ги неутрализира темносините подочници и ќе ги усклади со тенот.

Дамите што имаат посветол тен, нека одберат корални нијанси на кармин, советува блогерката. Откако ќе нанесете кармин, врз него употребете коректор или пудра во соодветна боја на вашиот тен, и сите ваши недостатоци ќе бидат сокриени.

Погледнете:

Објавено:
5 февруари 2015
Категорија: 
Убавина