Совети за густа коса

14 јули 2020

Негуваната и убава коса е секогаш магнет за погледи. Но, за да остане таква, потребна ѝ е соодветна нега и третмани.

Оние пак што би сакале да имаат погуста од тоа што е, треба да обрнат внимание на комплетниот животен стил и исхрана. Не лишувајте го организмот од извори на омега 3 и витамини.

Сепак внимавајте и при консумирањето витамини.

Прочитајте ги следните совети:

Не земајте витамини без лекарски совет

Еден од проблемите кои можат да предизвикаат опаѓање на косата е и недостаток на витамини или пак нивниот вишок. Од друга страна пак, некои витамини го неутрализираат ефектот на други, ако се земаат заедно, така што може да се случи и да ги пиете а да немате никаква корист. Затоа, пред да си одредите витаминска терапија, консултирајте се со лекар.

Без агресивни производи

Честото бојадисување на косата, може да предизвика слабеење на влакното, затоа користете бои без амонијак. Доколку сакате пак да ја обновите косата, тогаш најдобро е да ги ставите боите и избелувањето на пауза.

Маска за коса

Ова е задолжителна нега. Маските ја јакнат и негуваат косата, ѝ ги даваат потребните хранливи материи и ја хидрира. Кога купувате маски за коса, побарајте во составот да има алфа-кератин, бидејќи тој го обновува и го измазнува влакното.

Проверувајте го составот на производите

Шампоните и регенераторите со опасни состојки заменете ги со природни производи, кои ќе ѝ ги дадат на вашата коса сите потребни нутриенти.

Благодетот на масажата

Нежната масажа ја подобрува циркулацијата на крвта и на главата, односно коренот на влакното. Исто така, го зголемува присуството на хранливи материи во фоликулот на влакното. Масажата во текот на миењето коса со шампони овозможува ефикасна пенетрација на сите корисни елементи. Освен тоа, петминутната масажа е одличен начин за опуштање и ослободување од стрес, што исто така ќе резултира со подобрување на состојбата и здравјето на косата.

 

Објавено:
14 јули 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
490 пати
Тагови: 
густа коса