Совети за убавина и многу подароци утре во Cosmo - Сити Мол

10 ноември 2015

Во продавницата на Cosmo дрогерии во Скопје Сити Мол утре од 12 до 18 часот ќе се одржи интересен настан со многу подароци и совети од козметички експерти. 

Настанот ќе биде фокусиран на новиот серум од Estee Lauder – New Dimension. 

Сите оние кои ќе ја посетат продавницата на Cosmo, ќе бидат во можност да добијат консултација од стручниот тим на Estee Lauder, за тоа каков тип на кожа имаат, решавање на нивниот проблем, како и добивање совети за подобар изглед. 

Во цел настан ќе бидат вклучени и кармините од линијата Pure Color Ency за дополнување на изгледот. 

Од 12 до 18 часот за секој купен производ од линијата New Dimension, ќе се доделува подарок - маскара Sumtinous Infinity Full Size, а за секој останат производ од Estee Lauder, ќе се доделува несесер со производи. 

На настанот ќе можете да разговарате и да побарате совети од три експерти за убавина и тренинг менаџерот на Estee Lauder - Маја Божовиќ.

Објавено:
10 ноември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.246 пати