Совршената шминка ова лето доаѓа од Seventeen

5 август 2015

Иако во текот на летото кожата не трпи многу шминка, постојат неколку клучни производи со кои можете да изгледате уште подобро!

Таквите производи ова лето доаѓаат од работилницата на Seventeen, а денеска ви презентираме три нови, супер шик производи.

Станува збор за прекрасните кармини All Day Lip Color кои ова лето доаѓаат во две прекрасни нијанси што ќе одговараат за вашите дневни и вечерни летни авантури.

Исончан и прекрасен блескав тен ќе добиете со бронзерот Bronzing Powder кој ова лето е достапен во три фантастични нијанси. Со голема четка земете малку од бронзерот и нанесете на јаболчниците, челото, носот и брадата.

За уште посекси изглед, нанесете малку од бронзерот во делот кај деколтето и рамената, доколку носите фустан што го дозволува тоа.

Одлично друштво на бронзерот од Seventeen ова лето му прави и најновата нијанса од мат кармините Matte Lasting Lipstick No.34, во секси црвена боја каква што секоја жена посакува.

Она што е супер е тоа што овие кармини имаат SPF 15 филтер за заштита од штетни сончеви зраци, но и широк спектар на бои покрај впечатливата црвена.

Без разлика на тоа што ќе одберете, бидете сигурни дека ова лето највпечатливите девојки се Seventeen девојките!

На следниот линк, погледнете го целосниот каталог на Seventeen.

Објавено:
5 август 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
810 пати