Стилот на Пипи повторно во мода!?

10 ноември 2013

Во Холивуд најпосакуван тренд во моментов кога се работи за фризури се опавчиња во стилот на пипи долгиот чорап. Се чини дека женската сензација музичката група Спајс Грлс, уште одамна го наметна овој тренд, кој потоа го продолжи Бритни Спирс за да ја нагласи својата младост за нејзиното деби видео „Baby One More Time“.

Бритни Спирс

Денес Мајли Сајрус, Рита Ора, Парис Хилтон, Кети Пери, Дру Баримор или Џесика Алба се само дел од холивудските диви кои својот секојдневен изглед го зачинуваат со две слатки опавчиња. Носењето на две опавчиња е тренд кој си има своја приказна и симболика. Секој го носи на начин да изрази некакви свои чувства. На пример Парис Хилтон ги носеше за Ноќ на вештерките, Мајли за да ја потенцира нејзината бунтовност, а Кети Пери нејзината „слатка“ страна. Први модни икони кои во далечните 60-ти и 70-ти ги носеа овие фризури се Брижит Бардо и Одри Хепберн.

Брижит Бардо

Експертите се уште немаат откриено зошто токму двете опавчиња слободно пуштени, врзани во плетенки или собрани горе во вид на мали пунџиџки се толку популарни и секогаш во еден одреден период се враќаат во мода. Можеби една од причините е токму едноставниот начин да се направи оваа фризура, која навистина не одзема многу време. Како и да е, за сите нас двете опавчиња се сведок и драг спомен од едно детство, тенденција која и денес слободно можеме повторно да ја адаптираме со нашиот секојдневен изглед. Пробајте и вие и нема да згрешите.

Ема Бантон

 

Погледнете ја галеријата и добијте инспирација:

 

 

Објавено:
10 ноември 2013
Категорија: 
Убавина