Суви масла за сончање, подобри и од солариум

16 јули 2021

Без разлика каде ќе го поминете летото, веруваме дека повеќето од вас ќе сакаат да имаат убав исончан тен.

За таа цел, постојат различни третмани и препарати. Оние на кои им се „брза“ што побрзо да ја добијат саканата нијанса, често се одлучуваат на солариум.

Но, постои и друг начин - суви масла.

Што значи тоа? Значи дека кога ќе ги нанесете на кожата брзо се впиваат и не оставаат масни траги на облека и тело, за разлика од таканаречените „течни масла“.

Добри се бидејќи ја хидрираат кожата и освен за време на сончањето, одлични се и за негата после тоа.

Меѓу најпопуларните се маслата од кокос и лешник.

Првото посебно им се препорачува на лицата со чувствителна кожа, додека пак, маслата од лешник се едни од најдобрите за брзо потемнување, бидејќи содржат витамин Е и лесно се впиваат во кожата.

Маслиновото масло е веќе на широко популарно, но ќе имате многу подобар ефект додека го помешате со малку свежо цеден сок од морков и тинктура од јод. Морковот ќе придонесе за уште поубава нијанса, додека пак, јодот ќе ја штити кожата од изгореници.

Оние пак што имаат исклучително сува кожа, најдобро е да користат масло од авокадо.

За крај многу ВАЖНА НАПОМЕНА: Ниту едно од овие масла не може да ве заштити од штетното УВ зрачење, затоа никако не заменувајте го со заштитен фактор. Маслата можат да бидат дополнителна нега на патот до убава исончана кожа, но не и единствена.

 

Објавено:
16 јули 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.061 пати