Сузан Сарандон е новото лице на „Лореал“

15 јануари 2016

Актерката Сузан Сарандон им се придружува на Џулијан Мур, Наоми Ватс, Блејк Лајвли, Карли Клос и другите познати дами, амбасадори на „Лореал Париз“.

Козметичкиот бренд преку хаштагот #WomenofWorth и #WorthIt ја најави својата нова кампања.Под рефлекторите овој пат се влијателни жени и лидери, што несомнено вредат, а 69-годишната актерка, хуманитарка, амбасадор на добра волја и оскаровка несомнено соодветствува на концептот на кампањата.

-Таа е силна, харизматична, талентирана и има убедливо, силно чувство за самата себе. Нејзиниот отворен активизам, работата на филмот која освојува и автентичниот шарм продолжуваат да ги инспирираат жените да бидат бестрашни, непоколебливи и да веруваат во своите уверенија – вели глобалната претседателка на брендот Кирли Чапуи.

За соработката со познатиот бренд проговори и актерката.

-Кога прв пат слушнав: „Затоа што вреди“, тоа дефинитивно беше напредок во формулирањето на тоа зошто би требало да изгледаме добро. Има врска со тоа жените да станат господари на сопствениот живот и одлуки... Убавината доаѓа одвнатре, тоа е состојба на умот. Што значи значи да биде нешто „вредно’? Прегратката за тоа кои сте, без изговор, да ги сфатите своите морални начела, да не стравувате да живеете, да не стравувате да сакате... тешка задача – објаснува Сарандон.

Освен видеото, во продолжение погледнете ги и останатите фотографии од фото-сесијата.

 

Објавено:
15 јануари 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
394 пати